По најавата дека на HBO дека се планира враќањето на серијата „Сексот и градот“ без Саманта, многумина се прашуваа како ли ќе изгледа тоа.
За целата приказна ќе треба да почекаме уште малку, но она што израдува многумина е тизерот кој го сподели Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил.
Ова воедно е и официјална потврда дека навистина ќе гледаме нова содржина од „Сексот и градот“.
Сара Џесика Паркер изјави дека би сакала да види каде се главните ликови сега, кога светот е сосема поинакво место за живеење отколку пред 10 и повеќе години, напредокот на технологијата, движењата како #metoo, пандемијата…
Новото поглавје ќе се вика „And Just Like That..“, и ќе биде составено од 10 епизоди кои ќе траат по половина час.
Снимањето ќе започне оваа пролет во Њујорк.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.