Грданоски со ефтиниот пиар погоди точно во центар, Охрид ја живее најлошата летна сезона.

Имено директорот на ЈП Охридски комуналец, сакајќи преку сликите за ѓубрето во Охрид да ја оправда неговата работа, а воедно да си направи и лична промоција пред кадровските решенија кои следат во неговата матична партија, несвесно ја откри вистината…Оваа туристичка сезона е најлошата во историјата на градот. Охрид се сведе на ваучер туризам, постана црна точка на Балканот, нема странски туристи, дојдоа само младите кои како и претходните години очекуваа дека ќе го поминат времето во некоја од дискотеките или на концерти, но залудно, со троцифрена бројка на заболени од Ковид се откажаа сите забави со светски познати артисти и диџеи.

Разликата е во тоа што лани се собираше ѓубре по локациите каде се одржуваа концертите, и тоа го правеа организаторите, а оваа година младите висат по улиците, кејот, пристаништата.

На тоа реагираат и охриѓани кои велат дека и претходните години имаше ѓубре во туристичките населби, но тогаш директорот не го сликаше.

Во дел од коментарите на граѓаните се посочува дека туристите фрлале и ќе фрлаат ѓубре како и во сите останати туристички центри, но никој не си прави антиреклама како Грданоски, туку се организираат и го чистат ѓубрето без да објавуваат слики.

И на крајот не е време за сликање, време е да се соочиме со реалноста дека летото пропадна. Има илјадници млади во Охрид, мал процент не почитуваат и фрлаат ѓубре, но тие луѓе се негде сместени и плаќаат за чистење на ѓубрето.

Мора да се напомене и дека партискиот шеф на Грданоски, Зоран Заев, промовираше домашен туризам, а тој го навлекува гневот на охриѓани кон домашните туристи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.