„Претседателот на општина Студеничани Азем Садики нагласува дека актуелната Влада нема легитимитет и оти итно решение за оваа ситуација се предвремените парламентарни избори, за да излезе земјата од криза.“ – го пренесува ИНА ставот на новиот градоначалник на општина Студеничани Садики, кој прејде од ДПА деновиве во редовите на опозициската Алијанса на Албанците.

Информативната агенција ИНА го цитира Садики: „Време е ДУИ да замине во опозиција, бидејќи ако тие продолжат со своето останување на власта, тогаш ќе уследи насилство. Единственото решение за сите е да се организираме со граѓаните и да им кажеме: доста беше. Ова што се случи не е нормално.“

„Според Азем Садики, во овој момент е потребна техничка Влада, која ќе има за цел организирање на предвремените парламенарни избори“ – извести ИНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.