Државниот секретар на Соединетите држави, Мајкл Помпео, во понеделникот ја осуди пресудата на рускиот суд во кој беше осуден поранешниот американски маринец Пол Велан, барајќи негово итно ослободување.

САД се многу лути од денешната одлуката на рускиот суд да го осудат американскиот државјанин Пол Велан по тајно судење, со тајни докази и без дозвола за дополнителни сведоци на одбраната. Имаме сериозни загрижености дека господинот Велан е лишен од правично судење за кое Русија треба да гарантира и да му обезбеди во согласност со меѓународните обврски за човекови права, вели Помпео во официјалното соопштение објавено од Стејт департментот.

Велан беше уапсен во декември 2018 година поради обвиненија за шпионажа во Русија. По долго судење, денеска тој беше осуден на 16 години затвор, поради што реагираа и од САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.