Русија најави решителни мерки, доколку се утврди како точен извештајот на Ројтерс дека компанијата Мета на своите платформи одобрува повик на насилство и говор на омраза против Русите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Москва ќе ги прекине активностите на компанијата Мета платформс, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, ако се покаже дека е вистинит извештајот на Ројтерс дека на своите корисници во некои земји ќе им дозволи да повикуваат на насилство над Русите.

Не сакаме да веруваме во извештајот на Ројтерс – во тоа е едноставно премногу тешко да се поверува. Се надеваме дека тоа не е точно, бидејќи ако е точно ќе мораме да преземеме најрешителни мерки за прекин на активностите на оваа компанија – истакна Песков.

Тој наведе и дека Русија во повеќе наврати побарала од Западот да изврши притисок врз Киев „да престане да го убива сопствениот народ“.

Русија постојано му зборуваше на Западот за својата загриженост околу Украина, но не доби никакви одговори. Русија постојано повторуваше дека не се чувствуваме безбедно, дека се чувствуваме загрозени, но Западот не сакаше да не ислуша ниту да ни даде какви било одговори – порача портпаролот на Кремљ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.