Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина против Ковид-19 „Спутник 5“.

Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и му се заблагодарив на неговата одлука да ни испрати 24 милиони дози од вакцината во следните два месеца – објави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор.

Руската вакцина се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) и од мексиканските санитарни власти.

Во Мексико единствено е одобрена американско-германската вакцина „Фајзер/БиоНТек“.

Од почетокот на епидемијата на корона вирус во Мексико се регистрирани 1.763.219 заразени лица, од кои речиси 150.000 починале.

Меѓу зарзените е и самиот Обрадор, кој вчера објави дека имал позитивен тест.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.