Во периодот од 20 до 26 септември, 29 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години, со регистрирани вкупно 4.026 новозаразени во конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, бројот на случаи на Ковид-19 кај децата е зголемен за 21 отсто во споредба со една седмица претходно.
Паралелно, денеска во Грција се отвора платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза за здравствените работници и граѓаните над 60-годишна возраст.
Третата доза не е задолжителна, а ќе биде со вакцината на Фајзер, шест месеци по ревакцинацијата.
Со трета доза веќе се вакцинираат лицата со сериозни здравствени проблеми и згрижените во домови за стари лица. Tрета доза примиле 25.406 граѓани.
Досега во земјата се аплицирани 12.112.128 дози на вакцината. Прва доза примиле 6.439.087 лица, а целосно вакцинирани се 6.107.955 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.