Спортскиот директор на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Леонардо изјави дека напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе веројатно нема да го напуштат тимот во блиска иднина.

Вчера, тој потврди дека капитенот Тијаго Силва и напаѓачот Единсон Кавани летово ќе го напуштат клубот. Парижаните ќе бидат напуштени и од Томас Муние и Левин Курзава, чии договори истекуваат и нема да бидат продолжени.

– Нема што да сугерира дека Мбапе и Нејмар ќе го напуштат ПСЖ во текот на летото. Мбапе веќе е еден од петте најдобри играчи во светот, Меси има 32, Роналдо е 35, а Нејмар и Мбапе се 28 и 21, соодветно.Тие се огромна предност за нас и ќе најдеме начин да продолжиме да работиме заедно, рече Леонардо.

Во врска со трансферот на Нејмар во Барселона, тој отсече: „Ние веќе не разговаравме за ова прашање. Тој е среќен овде, имаше добра сезона. Му се допаѓа тимот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.