Новата портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли Мекени во изјава во средата откри дека претседателот на САД ќе го пречека првиот странски лидер во Белата куќа по четиримесечниот застој поради пандемијата на корона вирус.
Според изјавата, полскиот претседател Анджеј Дуда доби покана за средба со Трамп на 24 јуни, со што стана првиот лидер што ќе ја посети Белата куќа откако на почетокот на февруари последен влезе во неа опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гваидо.
Трам и Дуда треба да разговараат за натамошно унапредување на соработката меѓу државите во однос на одбраната, како и за трговијата, енергетиката и телекомуникациската безбедност, истакна портпаролката Мекени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.