Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало од симптоми на форма слична на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Детето, кое починало од „невролошко оштетување поврзано со срцев удар“, имало „серологија што покажува дека било во контакт“ со коронавирусот, но не ги развил синдромите на Ковид-19, соопшти  професорот, Фабрис Мишел, шеф на одделот за детска реанимација на болницата Ла Тимоне во Марсеј, потврдувајќи ги информациите од регионалниот весник „Ла Прованс“.

Од 1 март, во Франција се идентификувани 125 случаи на атипични форми на синдромот Кавасаки.

Научни педијатриски друштва испратија предупредување, а повеќе од половина од случаите (58 отсто) се пријавени во регионот на Ил де Франс. Слични синдроми се пронајдени и кај деца во Италија, Шпанија, Швајцарија или САД.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.