Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата што ќе се одржи во понделник, на 11-ти октомври со почеток во 19:30 часот на плоштад Методија Андонов Ченто. Не случајно е одбран овој голем ден! Прилеп низ историјата се покажал како град, предвесник на промените. Така ќе биде и овој пат, победата започнува од тука, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дејан Проданоски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Денес, се наоѓаме во едно исклучително значајно време, кога треба да направиме избор во која насока ќе се движи нашиот град. Дали тоа ќе биде Прилеп кој уназадува во сите области како во изминатите 4 години, или ќе биде економски силен Прилеп, со многу реализирани проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот за сите граѓани без исклучок! Токму затоа ги повикуваме сите членови, симпатизери и неопределени кои сеуште размислуваат за кого да го дадат свој глас, да присуствуваат на големиот митинг на кој заедно со кандидатот за градоначалник д-р Борче Јовчески, ќе ја презентираме досега најквалитетната и најдобрата програма што ќе значи подобра иднина за Прилеп и прилепчани. Вашата поддршка ќе значи подобра иднина за младите, подобри услови за учениците во основните и средните училишта, изградба нови патишта и улици, нови парковски површини, нови капитални проекти со кои ќе го вратиме сјајот на нашиот град, вели Проданоски.

Тој додава дека на овој митинг, сите заедно ќе испратиме гласна порака како до централната, така и до локалната власт. ДОСТА Е! На народот му е доста од лажни ветувања, на народот му е доста од нереални проекти и од ликови на кои одамна требаше да им заврши политичката кариера. Сите заедно во понеделник, мирно и достоинствено да дадеме поддршка за стабилен и економски Прилеп! Да покажеме дека изборот е број 7, број 7 за д-р Борче Јовчески, број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, број 7 за подобар Прилеп!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.