Вчеравечер во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ковид-19. При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И.(56) од с.Булачани, скопско.

Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.