Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на скопскиот аеродром го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе заштитна опрема за борба против КОВИД-19, како помош за нашата земја. Сијарто допатува во Скопје со специјален воен карго авион директно од Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

-Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија, изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Република Унгарија за земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.