Британските принцови Вилијам и Хари, синовите на принцезата Дајана, поставија споменик во чест на 60. роденден на нивната мајка. Споменикот се наоѓа во палатата Кенсингтон. Скулптурата на принцезата од Велс, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997, беше изработена по нарачка на нејзините синови.

На малата и интимна церемонија присуствуваа и нејзините две сестри и брат.

Денес, на 60. роденден на нашата мајка, се потсетуваме на нејзините љубов, сила и карактер, особини кои ја водеа да чини добри дела низ светот, менувајќи голем број животи на подобро. Секој ден, ние посакуваме таа да беше сѐ уште со нас. Се надеваме дека оваа статуа ќе остане забележана како симбол на нејзиниот живот и значење“, стои во заедничката изјава на Вилијам и Хари.

Споменикот е дело на Ијан Ранк-Бродли, кој е автор на портретот на кралицата Елизабета Втора од британските монети.

Бронзената статуа на Дајана е опкружена со три деца кои симболично го претставуваат „универзалноста и влијанието на генерациите“ на нејзиното дело. Нејзината кратка коса, стилот на облекување и портретот биле базирани на последниот период од нејзиниот живот, по разделбата со принцот од Велс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.