Македонскиот премиер Зоран Заев со согласи со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, според договорот од Преспа, терминот Македонец не означува национална или етничка припадност, туку само државјанство, како што беше напишано и во вербалната нота која македонското Министерство за надворешни работи ја прати до Грција.
Откако грчкото МНР соопшти дека Преспанската спогодба не ја признава македонската нација или македонскиот народ, премиерот Заев порача дека треба да се радуваме што наскоро Грција ќе донесе одлука во Парламентот.
Да се радуваме дека Грција овие денови ќе донесе одлука, договорот регулира државјанство. Нашата етничка припадност е право на самоопределување, изјави денеска Заев.
Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици. Сега што имате да порачате г-дин Мицотакис? Или треба да побарате други аргументи или да му се придружите на г-динот Каменос, кажа грчкиот премиер пред неколку дена.
Од грчкото МНР се пофалија дека со договорот, Македонија признава дека јазикот не е позврзан со античката грчка култура на Македонија и со историјата, културата и наследството на Македонија. Тука пак Заев има спротиставен став со Грците и она што министерот од неговата Влада, Никола Димитров го потпиша.
Јазикот е нашиот идентитет , културното наследство, историското наследство е нашиот идентитет, изјави Заев.
Иако реалноста сега е сосем различна премиерот Заев во минатото ги убедуваше граѓаните дека идентитетот и македонскиот јазик е зајакнат и потврден.
Добиваме кристална и недвосмислена потврда на македонскиот јазик и потврда за македонскиот идентитет. Грција го призна нашиот идентитет, јазикот ќе се користи слободно секаде. Нашиот идентитет е потврден и зајакнат.
Имаме признаено држава од цел свет, во која што живее македонски народ признаен од цел свет, кој што говори македонски јазик признаен од целиот свет, велеше Заев во минатото.
Според моменталните случувања во Грција се очекува договорот да биде имплементиран во тамошниот Парламент до четврток или најдоцна до сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.