Актерите од Тетовскиот театар вечерва (16 јуни) на сцената на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, премиерно ќе ја одиграат претставата „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер, во режија на Куштрим Бектеши.

Ова е втора премиера за 2022 година. По премиерата, реприза имаме во петок. Бетим Зеќири ја направи сценографијата, додека костимографијата е на Емира Имери, а Фатос Лумани е композитор на музиката во претставата. Играат актерите од Тетовскиот театар и гости од Гостиварскиот театар. Имаме и соло-пејачка Бесарта Муртезани, како и четири инструменталистки-студентки кои во живо ќе настапат за време на претставата – изјави Беким Смаили, директор на Тетовскиот театар на вечерашната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.