Синоќа околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на градот, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната В.Б. од село Русиново, која престојувала во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, информира дека возилото го напуштило местото на несреќата, а девојката е пренесена во струмичката болница. Оттаму заради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата работи на пронаоѓање на возачот и возилото и расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.