На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми има и повредени.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во рамки на aвтобуската станица.

Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.

Засега не е позната причината за пожарот во Општина Ново Сараево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.