Јапонските власти препорачаа евакуација на повеќе од 3,6 милиони луѓе ширум земјата која изминативе денови е зафатена од силно невреме и обилни врнежи од дожд. Евакуацијата се уште не е обврзувачка, а не се знае колку луѓе во моментов се одлучиле на таков чекор.

Јапонскиот метеоролошки завод утринава издаде највисоко предупредување за силен дожд во повеќе од 20 општини во префектурите Гифу и Нагано, чии интензитет во меѓувреме ослабна.

Околу 5 000 жители од општината Гифу остана заробени откако на патиштата се случија неколку лизгања на земјиштето, додека реката Хида го поплави градот Геро, што доведе до тоа надлежните органи да издадат највисоко ниво на предупредување.

За време на викендот во поплавите предизвикани од силниот дожд загинаа 56 луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.