Почна пленарната седница за измена и дополнување на Законот за попис на населението и за Законот за промена во изборниот законик. Пратениците изгласаа двата закони да се носат по скратена постапка. Против за пописот гласаа само седум пратеници, додека кај измените на изборниот законик сите 102 пратеници беа „за“., односно одлуката се донесе едногласно.
Сега на ред е Комисијата за европски прашања да расправа за законот и потоа да се гласа на пленарна седница.
Законот за попис треба да овозможи да се одложи пописот во септември, а измените во изборниот законик треба да овозможат на следните локални избори да се користи отисок од прст при гласањето и да бидат одложени изборите за крајот на октомври, односно почетокот на ноември.
Претходно координаторот на АА/А Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот бидејќи бил штетен за Албанците.
-Законот доаѓа како последица на договор на двајца македонски лидери кои заедно одлучиле без изјава на Комисијата за заразни болести пописот да биде одложен. Ги повикувам пратениците од ДУИ да не дозволат Законот за попис да остане како точка на дневниот ред. Ова е на штета на Албанците. Сите Албанците се ангажираа албанските иселенци масовно да се попишуваат, додека македонските иселенци бојкотираа. Пратениците на ДУИ не треба да бидат присутни на седницата исто како и нивниот лидер Али Ахмети за да не им судат следните генерации. Над 15 проценти попишани во дијаспората се Албанци, рече Реџепи.
Спикерот Талат Џафери рече дека не го интересираат политички договори туку дека се води од собраниска процедура.
– Владата на 30 март до мене достави предлог закон за пролонгирање на роковите за спроведувње на пописот. Правите манипулацијата со дијаспората. Предлог – законот не го запира процесот на попишување на дијаспората, туку напротив прелдожениот закон од 1 март до 21 април, пописот на дијаспората го одложува до завршување на пописот на 30 септември, не ви држи тој процедурален аспект, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ДУ, Арбер Адеми, порача дека пратенциите на ДУИ веќе 20 години водат визионерски политики.
-Не случајно граѓаните ја даваат поддршката на ДУИ а не на вас. Тоа е така бидејќи вие наутро имате еден став, напладне друг, кога ќе се разбудите трет. Кој ваш став да го поддржиме? Сами барате средба со Мицкоски а не ги прифаќате нашите понуди за средби за дијалог. Кои политики да ги поддржиме кога сте без компас? Водите празни дневни политики, порача Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.