Вечерва на собраниска седница се обратија повеќе пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во врска со предлог законот за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Макпетрол. Расправата продолжува и по полноќ
Пратеникот Игор Здравковски посочи дека согласно законот за енергетика како што е договорено треба да се подели имотот, и сега наместо да се дели таму каде што треба, во Собраниево се носи еден Закон за да се легализира криминалот.
„Предлог Закон за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Макпетрол по пат на спогодба која не е во надлежност на Собранието на Република Македонија. Бидејќи спогодбата не претставува меѓународен договор кој треба да биде ратификуван од страна на Собранието на Република Македонија. И не е прв пат да се прават вакви преседани и доколку сите го почитуваме Уставот и треба да е така но во пракса гледаме дека не е така. Требаше претходно да го послушате народот пре да направите уставни измени и требаше да го послушате народот што мисли за вашите договори со Бугарија. А, не за тоа да кажувате дека тука не е местото, а за договор помеѓу два субјекти е тука местото“, истакна Здравковски.
 Здравковски посочи дека не знае по која логика се води оваа ненародна власт. Со овој предлог закон се озаконува криминал од страна на владата. Власта сака пари на граѓаните околу 33 милиони евра да исплати на Макпетрол во време на економска и здравствена криза.
Пратеникот Мирче Аџиоски се надоврза на Здравковски и додаде дека предлог законот за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Макпетрол се носи по скратена постапка, а станува збор само за закон во кој што има само пет члена со кој треба да се исплатат 33 милиони евра. И по овој предлог закон не се гледа што е толкава итност за да се изгласа. Освен што најверојатно е итно да легнат тие 33 милиони евра на сметка на Макпетрол.
 „Ако по утрото денот се познава во овој случај ќе значи дека ако главен преговарач и потписник на спогодбата за регулирање на меѓусебните односи помеѓу Макпетрол која е прилог на предложениот закон е Зоран Заев можеме да сме сигурни што се има договорено и на чија штета ќе биде и овој договор“, појасни Аџиоски.
Аџиоски додаде дека граѓаните ги знаат преговарачките способности на премиерот, ги виделе и претходно и во договорот со Грција и во договорот со Бугарија. Премиерот во договорите без око да му трепне ги истргува името, идентитетит, националните вредности.
„Сега со овој договор истргува 33 милиони евра, народни пари да завршат на сметката на Макпетрол“, рече Аџиоски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.