СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 08.12.2021 при контрола во казино во Тетово бил затекнат И.К. кој не поседувал сертификат за вакцинација, а на вработените од казиното при влез им покажал сертификат за вакцинација кој не бил со негови податоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.