Полицијата во Лисабон денеска објави поединости во врска со немирите што се случија вчеравечер пред дуелот меѓу Спортинг и Динамо Киев во Лигата на шампиони, прецизирајќи дека се приведени 54 симпатизери на украинскиот клуб, а во инцидентите се повредени 11 навивачи од двете страни, како и еден полицаец.
Двете навивачки групи во неколку наврати физички се пресметаа измината ноќ на различни локации во Лисабон.
Полицијата изрази сомневање дека „судирите меѓу навивачките групи биле однапред договорени“, додавајќи оти „на тоа укажува одредено однесување на домашните и гостинските навивачи“.
Бенфика го совлада Динамо Киев со 2-0 и со тоа го обезбеди второто место во групата и пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.