На некои родители навистина треба да им се одземе родителското право. Едно петгодишно дете од Јута, отишло во гаражата и го зело теренецот од мама и тато. Без никој да го забележи го стартувал и излегол од населбата и се упатил на автопат.
Возел неколку километри и бил запрен од полицијата бидејќи возилото малку се „шантрало“. Полицајците не можеле да си поверуваат на очите. Детето им кажало дека тргнало да си купи нов автомобил „ламборгини“ и покажал дека има три долари во џебот. Веднаш бил вратен кај родителите кои експресно се дадени на социјалните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.