Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска беше во посета на повеќе населени места, каде што се сретна со жителите на Пласница, Македонски Брод, Долнени, Лажани и Кривогаштани.

На средбите, Пендаровски со граѓаните разговараше за актуелни прашања, како и за потребата од претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе бие вистински претседател на сите граѓани.

– Подготвен сум да бидам достоинствен претставник на граѓаните кој ќе работи исклучиво во нивен интерес. Ова го ветувам јасно и гласно пред сите. Се обврзувам, неуморно да работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО и да бидам предводник на реформските процеси што доведуваат до членство во ЕУ. Нашата земја нема друга алтернатива и шанса за побрз економски раст и развој, порача меѓудугото Пендаровски.

Пендаровски повика да продолжат позитивните промени, државата да не застанува, туку да продолжи напред кон развој, интеграција и напредок, кон ЕУ и НАТО.

– Позитивните промени што и се случуваат на нашата држава мора да продолжат. Затоа ве повикувам, заедно да продолжиме напред, обединети кон посветла иднина за нас и нашите деца. Ајде сите заедно да ја заокружиме евроатланската интеграција на Македонија и да овозможиме брз развој, силен економски напредок и стабилна држава за секој од нас, повика Пендаровски

Денешниот ден, заедничкиот кандидат го заокружува со посета на Крушево во 18:00 часот и Прилеп од 20:30 часот каде ќе учествува на отворени трибини со граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.