Виктор Димовски, директорот на АНБ, имаше ли ,,службена белешка“ за генсекот на Заев, осомниченото лице Драги Рашковски, дека ќе оди на двонеделен одмор во Мексико со семејството, по повод роденденот на сопругата му? Пошто Заев еве не знаел!!!, коментира аналитичарот Александар Пандов.

Второ како тоа за нас обичните смртници мора да важат препораките на Венко и да седиме затворени по дома чекајќи вакцини, а во исто време неговите колеги од СДС да се шеткаат по Мексико, Занзибар, Дубаи и кој да ги знае каде се не по светот?
Ова ли ви е тоа едно општество за сите? За едните белешки и ковид домашен притвор, за другите ваканции по белиот свет со украдени народни пари! Нема да ви трае ова уште долго. Му прекурчивте на народот. За кратко, од ,,белешки“ бел ден нема да видите!, им порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.