Осумдесет и двегодишниот Брајан Пинкер, ја примил вакцината во универзитетската болница во Оксфорд во понеделникот утрото, според Британскиот национален здравствен сервис. Пинкер, кој потекнува од Оксфорд, изјавил дека е горд што се вакцинирал во својот роден град, на 82 километри северно од британската престолнина Лондон.
Многу сум задоволен што денес ја примив вакцината против ковид-19 и многу сум горд што станува збор за вакцина која е измислена во Оксфорд. Сестрите, лекарите и персоналот беа денеска прекрасни и конечно ќе можам да се веселам на прославата на 48-годишнината од бракот со својата сопруга Ширли подоцна годинава, изјавил Пинкер,
Вакцината којашто ја разработија англо-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенка“ и Универзитетот Оксфорд на 30-ти декември беше одобрена од британската Регулаторна агенција за лекови и медицински производи. Со тоа ткн „Окфордска вакцина“ стана вториот одобрен лек против коронавирусот во Обединетото Кралство.
Според британскиот премиер Борис Џонсон, земјата во моментов поседува 530.000 дози од оваа вакцина. Истовремено, според весникот „Тајмс“, до средината на јануари, властите очекуваат дека компанијата ќе може да го зголеми производството на две милијарди дози од препарат на седмично ниво, со што значително ќе се забрза програмата за вакцинација на населението.
Велика Британија својата програма за масовна вакцинација ја започна прва во светот на почетокот од декември со вакцината којашто заеднички ја произведоа американската фармацевстска компанија „Фајзер“ и германската биотехнолошка лабораторија „БиоНтек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.