Покачена телесна температура, долгорочна сува кашлица и губењето на сетилата за вкус и мирис се основните симптоми на коронавирусот, но сега научниците веруваат дека постои уште еден симптом кој би можел да се поврзе со пандемијата, а станува збор за – корона прсти, пишува „The Independent“.
Истражувањата на Американската академија за дерматологија откриле дека некои пациенти заразени со ковид-19 страдале од отоци на ножните прсти слични на оние кои се добиваат поради слаба циркулација на крвта во телото.
Како што објаснуваат научниците, оваа состојба се развива во период од една до четири недели по инфицирањето и може да резултира со значително отечени, па дури и помодрени прсти на нозете.
Според истражувањето, овој симптом трае во просек 15 дена, но кај некои пациенти отокот се задржал и до два месеца. Скоро половина од заразените пациенти страдале од отечени прсти, а 16 отсто од нив токму поради таа причина биле хоспитализирани.
Ова е прв случај со кој научниците докажуваат дека инфекцијата се манифестира и преку кжата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.