Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови ја чувал една од примероците на Охридскиот рамковен договор.

Досега ваков примерок не поседува ниту една политичките партии, претседателот на државата или пак Државниот архив на Македонија, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби, при доставување на овој документ во Државниот архив, истакнувајќи дека е горд што по 20 години успеал да ја обелодени оваа мистерија во однос на документот на Охридскиот договор.

Големата свест на Илир Љума од Тетово, член на ПДП кој се грижел цели 20 години за да го чува овој документ во својата куќа, имајќи ја предвид негрижата на сите институции и политички партии, кои го немаа архивирано овој документ. Станува збор за лице кој бил асистент во потпишувањето на Охридскиот договор и потоа го земал од канцелариите на најстарата политичка партија на Албанците во државата и во домашни услови води грижа на архивски начин за овој документ. Нашите истражувања не доведоа до оваа откритие и господинот Лума пред две недели го достави овој документ во мојот кабинет, истакна Груби.

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

Груби информираше и дека главниот настан за одбележување на 20-годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи в петок и на него свое учество потврдиле Џорџ Роберстон, Питер Фејт, Дејвид Филипс, Пол Вилијамс, членови на Владата, претседателот на државата и поранешни министри и функционери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.