Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан најави дека од денеска во земјата ќе биде воведен полициски час, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само поради одење на работа и подмирување на основните потреби.

Тој во интервју за Радио Кошут изјави дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени секој ден од девет до 12 часот само за лицата над 65 години, а за другите граѓани нема да биде дозволено купување во тој период.

Орбан наведе и дека од понеделник со сите унгарски болници ќе управуваат така наречени команданти, кои ќе ги именува Владата.

Лекарите и понатаму ќе одлучуваат за медицинските прашања, но командантите ќе бидат задолжени да надгледуваат дали се придржуваат до владиние епидемиолошки мерки – посочи Орбан.

Тој додаде дека униформираните команданти ќе бидат задолжени за резервите и за управување со персоналот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.