ОЈО побара казни по 2.000 евра за 19 лица од Скопје за прекршување на полицискиот час

Вести 15.04.2020 / 11:30

Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на, соопштија од ОЈО Скопје.

Сите обвинети како што известија од Обвинителство не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.