Почетокот на новата академска 2021/2022 година, наместо, како што беше најавено, на 11 октомври одложен е за 18 октомври.
Причина за ваквата одлука е малиот процент вакцинирани студенти, што е услов за влез во универзитетите.
Следната недела ќе биде „Недела за масовна вакцинација на студентите“. Затоа, новата академска година официјално ќе започне на 18 октомври, со цел да се фокусираме само на процесот на вакцинирање на студентите, од 11-17 октомври – изјави министерката за образование и спорт, Евис Куши.
Таа им се заблагодари на сите што се приклучиле на процесот на вакцинација и помагале, како што рече, „да се вратат во нормала на сите универзитети во земјата“, но упати апел за поголема соработка.
Би ги замолила универзитетите да соработуваат и да се координираат што е можно повеќе со здравствените структури, да ги стават на располагање сите потребни простории за студентите и персоналот за вакцинација. Од се срце ги замолувам и ги охрабрувам студентите да ја искористат оваа нова можност, со цел новата академска година да биде што е можно подобра и поуспешна – изјави министерката.
Таа искажа верба дека студентите уште еднаш ќе докажат дека се „највиталниот и најпрогресивниот дел од албанското општество“.
Според одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, студентите, професорите и вработените во високо образовните институции задолжително треба да поседуваат сертификат за вакцинација или неделно да прават тест, на што се спротивставуваат голем дел од студентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.