Од утре во шест часот е забранат влез за српските туристи во Грција, поради ширење на коронавирусот во Србија, објавија грчките власти. Забраната ќе биде на сила до 15 јули, но може да биде продолжена. Ќе бидат дозволени само патувања од деловни причини.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја потврди забраната и им препорача на своите сограѓани да ги откажат плановите за одење во Грција.

Српските туристи оваа недела веќе се соочија со проблеми со влегувањето во Грција откако без најава за нив беше затворен граничниот премин Евзони и беа пренасочувани преку Бугарија. Во меѓувреме, две српски туристки имаа позитивен тест на островот Скијатос.

Во Србија денеска има 302 нови случаи на коронавирус и починаа пет лица, додека вонредна состојба е прогласена во десет градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.