Нова снимка e објавена изутринава на профилот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер, којашто е поврзана со случајот „Рекет“ во земјава. Таа снимка трае 12 минути. Соджи дел и од првата и од втората снимка која беше објавена.
Објавениот разговор започнува откако Боки 13 и ѕвони на специјалната јавна обвинителкa Катица Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик.
Разговорот го започнува бизнисменот Орце Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.
„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пyка се уште“, вели Боки 13.
„Што да пyка“, прашува Камчев.
„Пyка денеска“, одговара Боки 13. „Кај пyка?“, заинтересирано прашува Камчев.
„Со пиштoл“, вели Боки 13. „Не те разбирам“, враќа Камчев.
„Со пиштoл пyка, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13
„Кај пyка, она пyка“, повторно прашува Камчев. „Аха“, вели Боки 13.
„На стpелиште?“, вели Камчев. „Да бе“, вели Боки 13. „Не ме заебавaj“, враќа Камчев.
„Не те заебaвам“, вели Боки 13 „На стpeлиште пyкаат?“, повторно прашува Камчев. Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кически.
„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кически, по што добива одговор „Не“. „Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.
Зоки Кически и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинитeлите од СЈО?“ „Носат пиштoли во нив?“, прашува заинтересирано Кически.
„Да“, им одговара Боки 13. „Во ташна“, прашува Камчев.
„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев. „Тоа не е тешка работа“, вели Кически.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.