Најновото истражување кое покажа дека лекот „дексаметазон“ може да помогне во спречување на смртни случаи од новиот корона вирус е „најрелевантниот резултат досега за Кобид-19“, рече во вторникот главниот медицински директор на Англија, Крис Вити, пренесува Ројтерс.

Значително намалување на смртноста кај пациентите кои имаат потреба од кислород или респиратор, безбеден и добро познат лек. Многу благодарам на оние што учествуваа и направија тоа да се случи. Тоа ќе спаси животи низ целиот свет, додаде Вити.

Претходно, студија на Универзитетот Оксфорд покажа дека широко користениот стероид може да ја намали стапката на смртност на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.