Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 4.041 нов случај на коронавирус, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата, соопштија денеска здравствените власти на земјата.

Во истиот период починале 63 лица, што исто така е нов рекорд по бројот на смртни случаи.

На болничко лекување се 2.922 лица од кои 210 се на интензивна нега, а властите предупредуваат дека здравствениот систем е сериозно загрозен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.