Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ21 изјави дека очекува в понеделник премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка и веднаш да се распишат избори. На новинарското прашање кој датум за избори за нив е прифатлив, Николоски одговори дека сто дена после понеделник е најприфатлив за одржување на избори, односно веднаш.

Очекуваме веднаш да влеземе во процесот на техничка влада и според Уставот и законите, за 100 дена да се оди на предвремени парламентарни избори, “ изјави Николоски.

Според негопричината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и како што вели, лошата економска состојба на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.