Во Македонија постои само еден вирус поголем од корона вирусот, тоа е вирусот Зоран Заев на кој што на 15 јули мораме да му ставиме крај, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4 денеска пред кавадарчани.

Николоски пред присутните потенцираше дека со победа на 15 јули и формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се реализира програмата Обнова на Македонија, односно како што рече тој тоа значи повисоки пензии, повеќе работни места, пониски даноци, загарантиран откуп и праведна цена на земјоделските производи.

15 јули ќе биде ден на една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ после која што владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира обновата на Македонија. Програмата Обнова за Македонија значи подобар живот за сите нас, за сите вас, обнова која што значи пониски даноци, обнова која што значи младите да останат дома а не среќа да си ја бараат по Швајцарија, Германија, Западна Европа или Америка. Обнова која што значи повисоки плати за оние кои што работат, голема сигурна на работните места, повисоки пензии за пензионерите, праведна цена за земјоделските производи, загарантиран откуп со праведна цена за грозјето, повеќе работи за транспортните компании од Кавадарци, повеќе работа во странските и домашни инвестиции.
Николоски нагласи дека значаен дел од програмата Обнова на Македонија е посветен и на враќање на правдата и правната држава, додавајќи дека владеењето на правото оди рака под рака со заштита на македонските национални интереси кои што беа прегазени изминатите три години со промената на името на државата, со воведувањето на двојазичност и со продажбата на историјата.
Но, пред се правда и правна држава, затоа што тоа е она основно, затоа што нема човек на било кој крај од државата кој што не го бараат тоа. Луѓето сакаат ред, сакаат правда, сакаат нормална држава, сакаат владеење на правото. И затоа значаен дел од нашата програма е посветен токму на владеењето на првото кое што оди рака под рака со заштита на македонските национални интереси кои што беа прегазени изминатите три години со промената на името на државата, со воведувањето на двојазичност и со продажбата на историјата. Тоа е така затоа што корумпирани и уценети политичари какви што се Зоран Заев и неговата компанија лесно се пазарат со националните интереси, тоа го прават за да се заштитат себе си. Ама спас и заштита од народот нема. Бегање и заштита од народот нема и сметката ќе им дојде на 15 јули кога сум убеден дека сите вие , сите ние ќе ги пратиме на најтемните страни на историјата, вели Николоски.

 

 

Тој порача дека овие избори се најзначајни и пресудни за Македонија.

Овие избори се пресудни за Македонија, овие избори значат дали ќе ја спасиме и зачуваме Македонија или ќе оди во историските читанки, рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.