Два дена откако ги земал парите од Орце Камчев, Боки 13 на Инстаграм споделил фотографија под која напишал „Насмевни се и не бери гајле“.

Примопредавањето на парите меѓу Камчев и Бојан Јовановски било направено на 20 февруари, а само два дена потоа, на 22, Боки 13 ја споделил оваа фотографија.

Инаку, италијански медиум утрово објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.