Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 34,8%, намалување од 2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.