Јас сум една од тие кои што се против амнестии, особено против чести амнестии како што почнаа да се случуваат во Република Македонија, посочи професорката Мирјана Најчевска при гостување на емисија „24 анализа“.
Пратениците треба да бидат амнестирани чисто од политички причини, заради тоа што да јас мислам дека амнестија треба да биде искористена за политички дел. Меѓутоа под еден услов, јас лично би го поставила условот да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка. Заради тоа што мораат да бидат препознаени како недостојни за вршење на функцијата пратеник – истакна Најчевска.
Според Најчевска пратениците не се тие кои што треба да го штитат Собранието. Пратениците немаат таква дејност. Таа смета дека ако веќе има закон за амнестија треба да се амнестираат сите учесници во толпата. Обичните граѓани.
Мислам дека се заборава дека во отсуство на амнестија баш над нивните глави цело време ќе виси можноста да бидат повикани на одговорност и да бидат казнети. Тие се тие кои можат да бидат лажени и манипулирани токму со учеството во насилното влегување во Собранието, а со цел да се обезбеди нивната лојалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.