Дел од осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на листите на коалицијата СДСМ-БЕСА. Претходно тоа го најави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во своето гостување во ТВ Сител.

– Ние сме отворена политичка структура која и во 2016 година покажа и докажа дека дел од местата навистина ги резервираме за граѓанскиот сектор, за интелектуалци кои што се битни за општеството, кои што учествуваат и сакаме да ги вградиме во промените. Така што, на овие листи покрај за сите интелектуалци, за сите поединци, тука ја вклучувам и можноста да има и дел од овие пратнеици. рече Николовски.

Па, така Пратениците Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ кои на изборите во 2016 беа на листите на ВМРО-ДПМНЕ од коалициските партнери, сега се на листите од СДСМ. Минов Рамчиловичво Собранието на Република Македонија гласаа за промена на името откако ја променија својата партиска коалиција во екот на мандатот на Зоран Заев. Минов го доби 5 место на листата во изборната единица број четири додека Рамчиловиќ 10 место во изборната единица 3.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.