Бројот на заразени со корона вирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 230 милиони.
Според податоците од интернет страницата „Ворлодметер“ (Worldometer), заклучно со 24 септември, бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во светски рамки достигнал 230.985.679 луѓе.

САД се држава со најголем број случаи на инфекција – 43.404.877.

Следуваат Индија (33.563.421), Бразил (21.283.567), Велика Британија (7.530.103) Русија (7.354.995), Франција (6.971.493), Турција (6.932.453), Иран (5.493.591) и Аргентина (5.245.265).

Од компликации предизвикани од вирусот починале 4.734.917 луѓе ширум светот.

Во моментов, 18,557,157 луѓе се лекуваат од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.