Од денеска на Клиниката за неврологија се примени првите пациенти болни од ковид. Вкупно се 19. Статистиката покажува дека во сите болнички установи низ цела Македонија има вкупно 973 пациенти, многу повеќе приеми, отколку оздравени пациенти.
На Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 19 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.