На денешен ден, 13 ноември 1970 година зградата на Музејот на современата уметност свечено беше пуштена во употреба. Сместен на врвот од ридот Кале, во непосредна близина на средновековната тврдина, Музејот на современата уметност е опкружен со панорамата на Скопје и неговата поширока околина. Подигната во 1970 година, зградата на Музејот е извонреден пример на архитектурата на високиот модернизам и е споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963
Локацијата на Музејот, била избрана по сугестија на полскиот архитект и урбанист Адолф Циборовски, конечно е одбрана највисоката точка на брдото Кале во средиштето на скопската долина и во самиот центар на градот Скопје, а во непосредната близина на средновековната и османлиската тврдина. Изборот на локацијата е мотивиран од урбанистичкиот план за Калето кој е замислен да се уреди како комплексен парк-музеј, во кој Музејот на современата уметност ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.