Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од корона вирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Република Македонија – информираат од Министерството за здравство.
Оттаму преку соопштение потврдуваат дека единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид 19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна на корона вирус и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација.
Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија.
Македонија ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од корона вирус.
Нема простор за паника, апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување – велат од Министерството за здравство.
Во однос на состојбата со корона вирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции.
Во текот на утрешниот ден, министерот за здравство Венко Филипче ќе го одржи редовниот брифинг за состојбата со корона вирусот во земјата. Продолжуваме со редовно информирање на јавноста – нагласуваат од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.