Во акциска контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 210 возачи зашто возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека ќе ги продолжи сообраќајните контроли  и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.