Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој игра на позајмица за Баерн, нема да замине во Тотенхем.

Тренерот на Спарси, Жозе Мурињо не е заинтересиран за трансфер на 27-годишниот играч, објави „Марка“.

Тотенхем не може да си дозволи да ја плати цената на трансферот на Бразилецот, ниту да ја плати неговата плата, која изнесува околу 15 милиони евра годишно.

Претходно беше објавено дека Кутињо е интересен за Арсенал, Челзи, Њукасл и Лестер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.