Руските власти немаат никаква врска со наводното труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Затоа, Москва нема намера да разговара за какви било санкции против земјата што можат да бидат воведени поради инцидентот, подвлече тој.
Нема основа да се обвинува руската држава. И ние не сме склони да прифатиме какви било обвинувања во тој поглед, нагласи Песков.
Изјавата на Кремљ уследи откако германската канцеларка, Ангела Меркел, во средата тврдеше дека труењето на Навални мора да се категоризира како „обид за убиство“, бидејќи смета дека „требало да се замолчи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.