Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито.

Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.